Нереди на демонстрациите во Атина

Нереди избија денеска во судирите меѓу демонстрантите и полицијата пред зградата на Министерството за финансии во центарот на Атина, додека во текот на состанокот на меѓународните инспектори и министерот на Грција околу темпото на спроведување на фискални реформи.

Демонстрантите, најмногу хигиеничари во Министерството за финансии, чувари и општински работници, демонстрираат поради отказите од нивните работни места, што е услов Грција да добие помош.

Тие се обидуваат да ја блокираат главната авенија на плоштадот „Синтагма“ пред Министерството за финансии и се судриле со полицијата, која употребила бибер спреј.

Полицијата претходно привела повеќе од демонстранти кои се обиделе да влезат во најблиската зграда.