Никица Јелавиќ е новиот напаѓач на Хал Сити

Хрватскиот интернационалец и сега веќе поранешен напаѓач на Евертон, Никица Јелавиќ веќе е преставен како најнова милионска аквизиција на новајлијата во англиската Премиер лига, тимот на Хал Сити.

За да ги осигураат услугите на брзоногиот напаѓач, челниците на Хал мораа да го прифатат побараното обештетување од 6 мил. евра, а во игра е и опцијата Јелавиќ своето деби да го има веќе денеска на дуелот против големиот фаворит за шампионската титула, тимот на Чезли.