Нишани: Годинава две милијарди евра профит од трговијата со марихуана

нишани

Ова го потврди албанскиот претседател Бујар Нишани, додавајќи дека податоците ги добил од надлежните институции во земјата.

Гостувајќи во емисија на тиранската телевизија „Ора њуз“, Нишани оцени дека состојбта е сериозна и оти тој нема да замолчи на тоа.

Свикав седница на Националниот совет за безбедност. Информациите кои доаѓаат до мене потврдуваат дека станува збор за две милијарди евра профит за годинава од недозволена трговија со дрога. Замислете, а нашиот буџет е пет милијарди долари, истакна Нишани.

Според него, ако во периодот 2008/2009 година италијанските власти потврдиле дека запленувале по 1,6 тони годишно, сега запленувале по 3-4 тони неделно.

Ова бара анализа. Треба да седнеме и да покажеме платформа и конкретна акција. Состојбата е сериозна. Не ни помислувам да замолчам пред оваа состојба, изјави Нишани.