Ниски температури и снег

Под влијание на студена воздушна маса од вторник до петок времето ќе биде стабилно и многу студено со умерен северен ветер.

Утринската температура во наредните денови ќе се спушта во интервал од -10 до -3, а дневната ќе се движи околу нулата. Ќе биде променливо облачно и постудено со локален слаб снег, особено на запад. Ќе дува умерен северен ветер.

И во Скопје ќе преовладува слично време.