Њу Орлеанс ги отстранува спомениците спротивни на денешните вредности

Статуата на конфедерацискиот американски претседател Џеферсон Дејвис беше отстранет во четвртокот во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана, бидејќи е спротивен на вредностите на денешното општество кои ги почитуваат различностите и вклучителноста, соопштија градските власти.

Станува збор за еден од четирите споменици кои Њу Орлеанс ги отстранува бидејќи „не ја одразуваат на соодветен начин различноста и вклучивоста кои денешен Њу Орлеанс го прават посилен“, пренесува телевизијата CNN.

nju orleans spomenik

Кипот на Џеферсон Дејвис е отстранет во четвртокот во раните утрински часови со силни безбедносни мерки и блокирани улици на коишто протестираа и противниците и поборниците на одлуката на градскиот совет.

Покрај овој, ќе бидат отстранети и спомениците на генералите Роберт Ли и П.Г.Т Борегард и споменикот „Battle of Liberty Place“, обелиск подигнат во чест на повоениот бунт на Белата лига, група којашто ја промовирала надмоќта на белата против владата на националното единство во 1874 година.

По јавната расправа за овие контроверзни спомен обележја, градскиот совет на Њу Орлеанс во 2015 година го изгласа отстранувањето на спомениците сметајќи го за „вознемирувачки“. Градоначалникот Мик Лондрје оцени дека тргањето на спомениците ќе овозможи „да се сврти страницата на историските поделби и ќе се отвори патот на вклучителната иднина“.

Њу Орлеанс, кој бил најголемиот конфедерациски град, се предал во 1862 година и бил под окупацијата на федерациските сили по крајот на американската Граѓанска војна до 1865 година.

Конфедерациските споменици и знамиња се отстранети од јавните места ширум САД откако во 2015 година бел расист уби четворица црнци во црква во сојузната држава Јужна Кореја. Критичарите дека тие ги поттикнуваат затоа што ги славата челните луѓе на Конфедерацијата на американскиот робовладетелски југ за време на Граѓанската војна.