Нови линии на ЈСП за саемот на книгата

Јавното сообраќајно претпријатие ги известува своите патници дека поради одржување на Саем на книгата во СЦ Борис Трајковски, пушта во сообраќај две нови градски линии (100, 200), кои ќе работат во периодот од 3 заклучно со 9 мај 2018 година.

Цената на билетот е иста како и за останатите градски линии.

Линиите кои ги воведува ЈСП се со број 100 што ќе сообраќа од Ново лисиче до СЦ Борис Трајковски и линија 200 од  Дексион СЦ Борис Трајковски.