Отварањето нови работни места останува врвен приоритет

Отворањето на нови работни места останува врвен приоритет на Владата на Република Македонија.

Преку Агенцијата за вработување објавени се нови огласи со кои се дава финансиска поддршка за самовработување и за отворање на нови работни места. Ова е една од повеќето мерки на Владата чија цел е зголемување на вработеноста и поттикнување на приватната иницијатива во бизнисот.

Две од мерките од огласот се насочени кон отворање на бизниси и самовработување на лицата кои во моментот се невработени. Овие лица тоа може да го направат или со индивидуална апликација за добивање на кредитни средства или пак преку здружување на неколку лица и апликација за добивање на средства за отворање на бизнис.

специјален осврт се дава и на самовработувањето на младите лица до 29-годишна возраст
Специјален осврт се дава и на самовработувањето на младите лица до 29-годишна возраст

Останатите две мерки се насочени кон микро и малите претпријатија, на кои Владата им обезбедува евтини кредитни и финансиски инструменти за отворање на до 3 нови работни места.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев посочува дека специјален осврт се дава и на самовработувањето на младите лица до 29-годишна возраст, но и на отворањето на нови работни места во микро и малите претпријатија каде би се вработиле млади лица до 29 годишна возраст. Мерките даваат резултати и затоа ваквите проекти ќе продолжат.

Позитивните искуства и резултатите од реализацијата на овие мерки, а кои што говорат дека досега токму преку нив се креирани и одржани како такви близу 5000 работни места се најдобра гаранција за успешноста на проектот и мотив повеќе за сите заинтересирани субјекти да аплицираат. Тоа може да го направат на навистина едноставен начин. За првите две мерки кои се однесуваат на самовработувањето се приложува барање до Агенцијата за вработување заедно со подготвен мини-бизнис план за кој што постои веќе образец кој што е прикачен на веб-страната на Агенцијата, заедно со прирачникот како да биде пополнет тој бизнис-план. Додека пак за поддршката на правните субјекти, микро и малите претпријатија треба да поднесат само барање до Агенцијата во кое што изразуваат интенција да отворат нови работни места. Агенцијата ќе ги води транспарентно, со совети и информации низ целиот овој процес, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Самовработување со кредитирање

Цел на Проектот е на заинтересираните невработени лица, активни баратели на работа коишто сакаат да започнат сопствен бизнис да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн.

Самовработување со кредитирање
Самовработување со кредитирање

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

  • За дејности од помал обем за секое ново отворено работно место предвидено е по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 3 работни места, односно до 9.000 евра,
  • За дејности од поголем обем за кредитобарателот се одобруваат по 5.000 евра, а за секое ново отворено работно место по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 17.000 евра,
  • Дополнителни стимулативни средства до 1.000 евра во форма на кредит се одобруваат за лица кои се невработени по основ на технолошки вишок, стечај или ликвидација што имаат користено паричен надоместок најмалку 6 месеци и се невработени повеќе од 3 години,
  • Рок на враќање на средствата е 3 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит до 9.000 евра, односно 5 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит над 9.000 евра,
  • Каматна стапка од 1% на годишно ниво

Самовработување со кредитирање за млади лица до 29-годишна возраст

Цел на Проектот е на заинтересираните невработени лица до 29 години, активни братели на работа, коишто сакаат да започнат сопствен бизнис, да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните:

  • за кредитобарателот по 7.000 евра, а за секое новоотворено работно место дополнителни 1.000 евра на основниот износ од 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 23.000 евра,
  • Рок на враќање на средствата е 7 години (84 месеци) односно период на отплата 66 месеци (5,5 години) и грејс период од 18 месеци (1,5 години),
  • Каматна стапка од 1% на годишно ниво.

Кредитирање на микро и мали претпријатија за отворање на нови работни места

Пријава може да достави правен субјект (микро и мало претпријатие) кој е регистриран најмалку 1 година, кој има најмалку 1 вработено лице минимум 3 месеци пред денот на објавување на јавниот оглас, и кој воедно не го намалил бројот на вработените во последните 6 месеци.

Кредитирање на микро и мали претпријатија за отворање на нови работни места
Кредитирање на микро и мали претпријатија за отворање на нови работни места

Пријава за учество во овој Проект може да достави и невработено младо лице до 29 годишна возраст кое е евидентирано во Агенцијата за вработување на РМ како лице кое активно бара работа најмалку 1 ден пред објавување на Јавниот оглас, и не бил во работен однос најмалку 3 месеци до денот на објавувањето на јавниот оглас.

Кредитот ќе изнесува 3.000 евра по отворено работно место за вработување на лице над 29 години

 За отворање на нови работни места за лица до 29 години

Државата доделува по 4.000 евра по отворено работно место за вработување на лице до 29-годишна возраст. Може да се земе максимален износ до 9.000 евра за вработување на 3 лица над 29 години  или 12.000 евра за вработување на 3 невработени млади лица до 29 годишна возраст.

Правниот субјект кој ќе вработи невработено лице со полно работно време, има обврска да го задржи на работа најмалку 36 месеци од денот на засновање на работниот однос. Доколку дојде до прекин на работниот однос по било кој основ, работодавачот е должен на негово место да вработи друго невработено лице со полно работно време од евиденцијата на Агенцијата за вработување, во спротивно треба предвремено да го врати кредитот во целост.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните: По грејс период од една година, кредитот има рок на враќање од две години, со каматна стапка од 1 отсто на годишно ниво. Огласот за сите овие 4 мерки трае до 21 септември.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.