Новозаболени 57 лица од Ковид-19, 15 се реинфицирани

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 808 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 38, Битола и Прилеп – по 5, Штип – 4, Кавадарци, Велес, Струга, Неготино и Крушево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 15 реинфекции.

Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Скопје – 8 и Македонски Брод – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Струга (86г), и истото е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.

Направени се 808 тестови: ИЈЗ-127, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-16, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-29, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-58, Жан Митрев (Филип Втори)-3, Авицена-23, Биотек-13, Систина-4, лабораторија Лаор-1, Синлаб-2, Ремедика-9, Плодност-2, Генеа-3, Никоб Лаб-10, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-6, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 411.

Досега во земјата се направени вкупно 2.177.967 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, на починати е 9.554 а бројот на активни случаи изнесува 335.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје      162018, Активни 237
Куманово    18243, Активни    13
Битола      17970, Активни    21
Прилеп      15532, Активни    28
Тетово      14476, Активни    4
Кавадарци   12089, Активни    2
Велес 10810, Активни    5
Охрид 10319, Активни    7
Гостивар    10275, Активни    0
Струмица    8781, Активни     0
Штип  8766, Активни     8
Кичево      6075, Активни     1
Кочани      5544, Активни     0
Струга      5173, Активни     1
Гевгелија   4882, Активни     0
Неготино    4148, Активни     2
Ресен 3031, Активни     1
Радовиш     2836, Активни     1
Свети Николе      2795, Активни     0
Крива Паланка     2660  0
Делчево     2183, Активни     0
Берово      1875, Активни     0
Дебар 1812, Активни     0
Валандово   1600, Активни     0
Виница      1478, Активни     0
Пробиштип   1299, Активни     0
Кратово     1131, Активни     1
Богданци    1101, Активни     0
Крушево     1039, Активни     1
Демир Хисар 929, Активни      0
Македонски Брод   801, Активни      2
Демир Капија      628, Активни      0
Македонска Каменица 534, Активни      0
Пехчево     519, Активни      0
Дојран      370, Активни      0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.