Обединувањето го продолжи животниот век на источните Германци

Животниот век на источните Германци значително е зголемен по обединувањето со западна Германија, покажува истражувањето на Институтот за демографски истражувања, пишува МИА.

– Обединувањето за 6,2 години го зголеми животниот век на мажите, а за 4,2 години на женбите, покажуваат резултатите од истражувањето на научникот Тобиас Вогт.

Ако Демократска република Германија се уште постои, момчињата родени во 2011 години би можеле да доживеат 70,9 години, а девојчињата 78,7 години. Но, сега тие момчиња би можеле да доживеат 77,1 година, а девојчињата 82,9 години.

– Иако понекогаш се занемарува, очекуваниот животен век е еден од најголемите придобивки од германското обединување, оценува Вогт, додавајќи оти тоа се должи на подобрата медицинска грижа и зголемувањето на животниот стандард.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.