Обид Курц со лажни мејлови да се поврзе со видео скандалот

Челникот на Австриската народна партија (OeVP), Себастијан Курц, изјави во понеделникот дека со лажни електронски пораки е направен обид да биде вовлечен во видео скандалот поради кој отстапи челникот на неговиот коалициски партнер од Слободарска партија (FPÖе), поранешниот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе и беше соборена неговата влада.

Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе оставка во мај откако медиумите објавија тајна снимка од вечера во 2017 година на шпанскиот остров Ибица, каде го запознале со жена која наводно била внука на руски олигарх и заемно си нуделе помош околу финансирање на партијата и доделување тендери. Штрахе негира дека сторил нешто незаконски и поднесе кривична пријава против виенски адвокат, детектив од Минхен и женско лице по потекло од Босна и Херцеговина кои глумеле во случај на договор со негов близок соработник и кои го намамиле во видео стапица која ја собори австриската влада и го натера да отстапи од двете функции.

Канцеларот Себастијан Курц ја распушти коалицијата и се обиде да остане на чело на малцинска влада, но парламентот му излгаса недоверба, со тврдењето дека и тој треба да преземе одговорност поради скандалот. Особено му се забележува дека на власт ја вратил крајната десница.

Курц во понеделникот изјави дека една австриска медиумска куќа примила копии од електронска пошта која наводно тој ја разменувал со блискиот сојузник во неговата партија од десниоц центар, Гернот Блумеле, а кои наводно ги поврзуваат со скандалот. Меѓутоа, истрагата на партијата, како и на независна бебедносна компанија, покажале дека тие мејлови се лажни, изјави Курц.

„Ова е обид за клевета. Тоа е обид Народната партија да се вовлече во скандал, конкретно да бидат вовлечени Гернот Блиумел и јас. Електронските писма се измама, иако се разработени и делумно добро изведен“, рече Курц, но одби да ја коментира содржината на тие пораки, кои наводно потекнуваат од февруари 2018 година.

Не е јасно кој стои зад оваа фалсификувана електронска пошта, рече Курц, кој се надева дека ќе се врати на власт по парламентарните избори кои треба да се одржат на 29-ти септември.