Обвинет гимнастичарски тренер изврши самоубиство

Џон Гедерт, тренер на американскиот гимнастичарски тим кои освои златен медал на Олимписките игри во 2012 година, изврши сабоубиство во четвртокот по локално време, неколку часа откако е обвинет за сексуално злоставување на гиманстичарки во Мичиген.

Телото на Гедерт е пронајдено на паркинг на автопат во близина на Ленсинг, објави полицијата на американската сојузна држава Мичиген.

Против 63-годишниот Гедерт е покренато обвинение за физичко, вербално и сексуално злоставувае на околу 20 млади жени коишто ги тренирал во периодот меѓу 2008 и 2018 година во неговиот клуб Твистарс во билизна Ленсинг.

Ви истиот клуб работел и терапевтот Лери Насар, поранешен лекар на американскиот женски гимнастичарски тим, кој беше во фокусот на најголемиот сексуален скандал во спортската историја на САД.

Гедерт требало да се појави пред локалниот суд во четвртокот попладнето по локално време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.