Очув го убил дечкото на поќерката во Шуто Оризари

25-годишниот А. Р. ноќеска им подлегнал на повредите во главата што ги здобил по расправија и тепачка со С.Б. (36), очув на неговата девојка, објави  „Прес 24“

Порталот повикувајќи се на полициски извори, објави дека убиството се случило во скопската општина Шуто Оризари на улицата Патрик Лумумба. С. Б. во полиција пријавил дека неговата поќерка е грабната и го навел А. Р. како грабнувач. Подоцна во текот на денот тие двајца се сретнале по што настала жестока расправија која кулминирала со тепачка. Во еден момент, С. Б. со метална шипка го удрил А. Р. по главата по што тој паднал на земја. Со фрактура на черепот итно бил префрлен во Ургентниот центар, каде утрово околу 2 часот починал.

С. Б. најверојатно ќе одговара за тешки телесни повреди со последица смрт.