Од срце ви благодариме за поддршката за името

Интегрален текст од соопштението на граѓанската иницијатива Македонски манифест:

Македонски манифест ја поздравува одлуката на Руската федерација да не го признае силеџиското гласање во македонскиот Парламент, под исто така силеџиско менторство на западните политички сатрапи кои сакаат Македонија и Македонците да ги турнат во апсолутна идентитетска смрт. Русија правилно ја има сфатено оваа западна операција, која ја спроведува нај подло нашата квислиншка петоколонашка влада, за идентитетски геноцид врз цел еден мал народ, но со голема историска меморија и културноцивилизациски имот, кој сега со овој геноцид се разграбува од други, а оние на кои им припаѓа тој се преќаат во идентитетска смрт. Тие од ЕУ и Америка нé претвораат со промена на Името во живи мртовци за потребите на Брисел и Вашингтон.

Русија правилно ја има разбрано оваа геноцидна операција на Западот врз Македонија и Македонците и затоа што таа добро ги знае и познава неговите политички и секакви други механизми за остварување на таквите свои макивелијалистички планови и цели без какви било скруполи насекаде во светот. И Русија има право во таквите случаи, како сега во македонскиот, да реагира најенергично во име на Правдата и Вистината бидејќи знае колку е опасно повторното повампирување на западниот фашизам, кој е и сега витален и на сцена. Примерот со неговиот план за идентитетски геноцид врз Македонците, имено, е јасниот знак на тој западен вампиризам со менгелеовски мирис. Но и примерот со обнова на макартизмот против рускиот народ. Русија има право на енергична реакција на таквиот нацифашистички вампиризам и затоа што таа во втората Светска војна даде најмногу жртви, над дваесет милиони за да го совлада и уништи него како радикално, демонско зло за човештвото. За жал фашизмот ја покажа својата витална протејска, речиси неуништива природа. Пример за тоа се САД, кои од антифашистички, против Хитлер, кога беше победен тој, не чекајќи веднаш, во 1945та ги фрлија атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки, обновувајќи го фашизмот, кој под слоганот “американски интереси“ и “демократија“ тие сеуште го практикуваат во разни облици и содржини во светот. Сега со жестокиот притисок да се применуваме, и во Македонија. Врз Македонците. Потоа, наскоро по победата над фашистичка Германија, фашизмот го рехабилитира и обнови и Англија со бомбардерите на Черчил кој со напалм бомби ги чистеа Македонците од Егејска Македонија, бранејќи го грчкиот монархофашизам, смртно плашејќи се од евентуалната победа на грчките комунисти на чија страна во Грчката граѓанска војна се бореа и Македонците. Сега Лондон заедно со Вашингтон и Брисел повторно, како во 1913та со Букурешт и 1948ма со бомбардерите на Черчил спроведува кампања за целосно уништување на Македонците, за нивно бришење од картата на народите како автентичен народ и идентитет. И тоа не може да се именува со ништо друго освен со поимот фашизам.

Руската федерација го препозна тоа и нејзината реакција е исправна од еден антрополошки, хуманистички и космополитски аспект. Затоа нејзината одлука да не го признае нацифашистичкото гласање во македонскиот Парламент под притисок на бриселските политбирократи и американските политички каубои Македонски манифест од срце ја поздравува. Македонскиот народ за тоа ќе ѝ биде засекогаш благодарен на Русија. Тоа е сега лек на неговата отворена историска рана и закана за идентитетска смрт.

Бескрајна благодарност.

Македонски манифест:

Ефтим Клетников – поет

Стојан Стојков – композитор

Слободан Пренџов – професор

Фима Клетникова – поетеса

Александар Русјаков – режисер и писател

Дардан Венетски – новинар

Запро Запров – диригент

Цветан Гавровски – професор

Олгица Трајковска – правник

Сотир Костов – правник