Ограбена бензинска

Двајца разбојници оргабиле бензинска пумпа денеска во скопската населба Бутел.

Според полицијата, разбојништвото се случило во 4.20 на бензинска пумпа на улицата Кемал Сејфула. Тогаш две маскирани лица со пиштол им се заканиле на вработените од кои зеле чанта во која имало околу 4.000 денари.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.