Ограбил две цркви за 60 денари

Педесет и четири годишишниот Р.С. државјанин на Република Албанија во текот на вчерашниот ден ограбил два цркви во селото Радожа во Струга.

Од црквата „Света Петка“ одзел 20 денари, а потоа од црквата „Света Недела“ украл уште 40 денари.

Р.С. е приведен, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.