Оливие Жиру е нов напаѓач на Јувентус

Французинот Оливие Жиру, изненадувачки по бројните шпекулации, ќе биде засилувањето за нападот на Јувентус во новата сезона.

Наспроти преговорите со Луис Суарез, Един Џеко и Алваро Мората, Јувентус се одлучу за ангажман на искусниот француски голгетер со кого веќе договорил двегодишна соработка а ќе заработува по четири и пол милиони евра по сезона.

За реализација на овој трансфер, Челси, пак, ќе добие отштета од пет милиони евра.