Опаѓање на дневните температури

Денес под влијание на постуден воздух од север ќе дува слаб, повремено умерен  северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните температури. И во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време.

Најстудено во Маврово

Во Маврово утрово се измерени – 4 степени, во Крушево – 3, – два во Ѓуриште, Лазарополе, Тополчани, Берово, -1 степен во Пожаране, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Најстудено во Маврово
Најстудено во Маврово

 

Еден степен е измерено во Крива Паланка, Претор, Штип, два во Скопје, Тетово, Битола, Охрид, три во Прилеп, Виница, Струмица, 4 Кавадарци, Демир Капија, пет степени во Дојран и 6 Гевгелија.

Преку ноќта, информира УХМР, беше претежно облачно со ниска облачност и магла по одделни котлини.

Утринава е умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.