Опасност од епидемии меѓу имигрантите во Идомени

„Елефтерос Типос“: Дрога, проституција и шверц во Идомени
„Елефтерос Типос“: Дрога, проституција и шверц во Идомени

Директорот на Упарвата за јавно здравство во грчката област Централна Македонија, Софоклис Куртидис предупредува на опасноста од епидемии во бегалскиот камп на грчко-маедонската граница, објави електронското издание на весникот „Етнос“.

Во моментов во грчкото село Идомени има над 11.000 имигранти, меѓу кои и многу мали деца, а условите во импровизираниот камп не се добри, додава весникот.

Меѓу бегалците веќе беа регистриани случаи на болни од хепатит А, како и ширење на шуга.

Од Брзата помош бараат да се преземат мерки и да се дезинфицираат нивните возила, во кои се пренесувани имигранти.

Весникот пишува дека во реонот на кампот има вирови, полни со гнило ѓубре и се шири неподнослива миризба.

Храната која се дели на имигрантите е со сомнителен квалитет, забележува „Етнос“.

Според заменик-гувернерот Јоана Заки, ситуацијата во Идомени е неконтролирана и кампот треба веднаш да биде затворен.

Во моментов здравствените власти не можат да го дезинфицираат регионот, бидејќи постојат многу луѓе кои постојано се движат меѓу отворените шатори.