Опра Винфри донира 10 милиони долари за борбата против коронавирусо

Опра Винфри ќе подари 10 милиони долари за борба против проблемите предизвикани од коронавирусот, и тоа како и помош во храна за најзагрозените групи граѓани на САД.

Една од најбогатите и највлијателни жени, на друштвените мрежи објави: „Ќе донирам 10 милиони долари за помош на Американците за време на пандемијата во областите каде што израснав и ширум земјата”.

Славната водителка на забавни емисии е родена во Мисисипи, а пораснала во Милвоки и Тенеси. И самата детството го минала, голем дел, во сиромаштија.

Дел од парите ќе оди во новиот американски фонд за храна основан од фирмите Епл, Форд и глумецот Леонардо ди Каприо, што е наменет, пред сѐ – за помош на децата и сиромашните во време на пандемијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.