Општина Илинден дел од проектот„Собирање податоци за цврстиот отпад во Југоисточна Европа“

Општина Илинден стана дел од регионалниот проект „Собирање податоци за цврстиот отпад во Југоисточна Европа“, што се спроведува во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ), преку Отворениот регионален фонд за модернизација на општинските услуги (ORF MMS) и со поддршка на швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC).

По тој повод, претставници на агенциите кои што го поддржуваат овој проект, на градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски му врачија Декларација за соработка на општините од регионот, учесници во проектот.

deklaracija-komunalen otpad-1

Проектот има за цел градење на капацитетите на општините и на јавните комунални претпријатија во областа на управувањето со отпадот и размена на знаења и добри практики на регионално ниво, за поефикасно развивање и користење на податоците за собраниот, преработениот и одложениот комунален отпад.

Као дел од проектот се врши анализа на количествата и составот на цврстиот отпад што се создава на територијата на Општината, а од добиените податоци во наредните фази ќе произлезат предлог мерки за начинот на управување  со отпадот.

Реализацијата на проектот ќе се спроведува во четири земји од Југоисточна Европа: Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија и ќе трае до февруари 2016 година. Покрај Општина Илинден, од Република Македонија се вклучени уште три општини.