Орландо Блум и Кејти Пери нова ѕвездена двојка

Гласините за љубовната врска меѓу Кејти Пери и Орландо Блум, по се изгледа не е само плод на фантазијата или озборување на таблоидите.

Имено, како што јави магазинот „Епл“, Пери и Блум деновиве одмараат на Хаваите, каде се видени заедно на вечера и на други забавни активности.

Тие не се одделуваат еден од друг и посотјано се држат за рака, тврди „Елл“.

Кејт и Орландо неодамна се појавија заедно на забавата по доделувањето на наградите Златен глобус, каде си разменуваа нежности, што и ги поттикна овие гласини.