Оскар Писториус испратен во психијатриска болница

Одложено судењето на Оскар Писториус за 30 –ти јуни, бидејќи параолимпиецот ќе биде подложен на едномесечна психијатриска проценка.

Писториус мора да се пријави во преториската болница Вескопис, една од најугледните за ментално здравје, како надворешен апциент во период до 30 дена, започнувајќи на 26 мај.

Со ова ќе се утврди дали тој бил казнено одговорен за делото кое му се препишува и дали бил способен да ја препознае злат природа на своето дело.

На Писториус му се заканаува доживотна казна затвор доколку биде прогласен за вивовен за убиство на својата девојка.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.