(ВИДЕО) Оскаровецот Џејмс Хорнер загина во авионска несреќа

Оскаровецот Џејмс Хорнер загина во авионска несреќа

Џејмс Хорнер (61), филмски композитор познат по остварувањата во „Храбро срце“, Титаник“ и „Аватар“, за што има освоено две награди на Академијата, почина вчера во авионска несреќа во близина на Санта Барбара.

Вестта за смртта ја птврдила неговата асистентка, Силвија Патриша. Авионот, со кој управувал Хорнер, се урнал синоќаво Калифорнија и при падот предизвикал шумски пожар.

Хорнер докторирал музика на Универзитетот во Калифорнија, а во својата исцрпна кариера компонирал музика за повеќе од 100 филмови.

Во 1997 година, за филмот „Титаник“, Хорнер е награден со Оскар за најдобра музика и со Оскар за најдобра оригинална песна.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.