Осквернавен гроб во битолско

Засега непознат сторител вчера извршил сквернавење на гроб на гробиштата во атрот на село Лавци, битолско.

Сторителот ја извадил од лежиштето и ја оштетил надгробната мермерна плоча, го ископал гробот, по што одзел златен накит, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 15.000 денари, а причинил матријална штета од околу 20.000 денари. СВР-Битола превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.