Оставено бебе пред Домот за доенчиња

Бебе било оставено пред Домот за доенчиња, вчера во Битола.

Според полицијата, З.Б. (50) од Битола вчера околу полноќ на улицата Васко Карангелески пред влезот на Домот за доенчиња, пронашол женско бебе.

Бебето е на возраст од околу една недела. За случајот бил известен Центарот за социјални работи Битола. Социјален работник излегол на местото и извршил разговор со З.Б., а новороденчето било оставено во домот за доенчиња. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.