Оставки и разрешувања во Украина

Заменик-главниот обвинител на Украина, Олексеј Симоненко е разрешен од функцијата, соопшти канцеларијата на главниот обвинител.

Во изјавата со која се најавува неговото разрешување не се наведени причините за одлуката, но се вели дека тоа е „во согласност со неговите сопствени желби“.

Претходно оставки поднесоа помошникот на Зеленски, Кирило Тимошенко и заменик министерот за одбрана Вјачеслав Шаповалов, како резултат на корупцискиот скандал што ја зафати Украина.