Отцепувањето на Шкотска хит во британските обложувaлници

Како што се полнат гласачките места за референдумот за независност на Шкотска, така и обложувачниците со внимание следат гласање бидејќи во случај на победа на националистите, ќе мора да исплатат милионски суми за обложувачи, објави МИА.

Обложувачницата „Ледброкс“ соопшти дека ширум државата примила облози во вредност од 250.000 фунти, додека во „Педи пауер“, вредноста на облозите е со шест цифри, објави „Индепендент“.

Ако националистите победат на референдумот, обложувачниците ќе загубат до милион фунти.

Во прилог на тоа е и еден облог од 20.000 фунти во Ледброкс во западен Лондон и тоа за независност на Шкотска.

Коефициентот „За“ независност на Шкотска е 5 (20 отсто шанси за добивка).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.