Откажан е протестот на ноќните клубови

Протестот закажан за на 27 јули, со почетокот пред Влада е откажан, кој имаше за цел да ги разбуди надлежните институции и да се погрижат ноќните клубови да добијат соодветни лиценци за работа. Ова откажување на протестот се должи, како што велат на одговорот којшто го добиле од надлежните институции, поконретно од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој пак, се задолжил за брзо решавање на проблемот.

Нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции. Министерот Оливер Спасовски лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани. Како причина на нивната отвореност за решавање на овој проблем протестот се откажува. Се надеваме Скопје како град за краток рок ќе може да понуди летен ноќен живот, стои во соопштението доставено до медиумите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.