Кобра направи хаос во авион, пилотот принудно слетал на најблискиот аеродром

Јужноафриканскиот пилот Рудолф Еразмус за време на летот на релација Кејп Таун – Нелспрут на височина од 3.000 метри забележал дека во неговата кабина има змија и тоа не било каква, туку многу отровен вид кобра.
„Да бидам искрен, како мојот мозок да не регистрираше што се случува“, изјави тој за Би-Би-Си.
„Тоа беше момент кој инспирира стравопочит“, додаде тој, велејќи дека на почетокот мислел дека „мразот по грбот“ е всушност неговото шише со вода.
„Почувствував нешто студено како лази по мојата кошула“, рече тој, мислејќи дека можеби не го затворил правилно шишето и дека водата му тече по кошулата.
„Кога се свртев налево и погледнав надолу, ја видов кобрата како ја влече главата назад под седиштето“, додаде тој.
Потоа принудно слетал на најблискиот аеродром.