Овчар го каменувал возот на релација Скопје-Табановце

На 05.07 2014 година околу 19,45 часот на делот од пругата помеѓу ж.с.Куманово и ж.с.Табановци од страна на лице (овчар кој напасувал стока покрај пругата) извршено е каменување на патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје-Табановце.

Од извршеното каменување нема скршено стакло или повредени патници, но била загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај.