Паднаа акциите на сите светски пазари, доларот јакне

Азиските берзи денеска се на надолна траекторија, по континуираниот пад на акциите на Волстрит, предизвикан од загриженоста на инвеститорите за натамошно зголемување на каматната стапка на Федералните резерви (ФЕД) и забавувањето на глобалниот раст и можната рецесија поради построгиот карантин мерки во Шангај.
„Серијата растечки каматни стапки на централната банка и поагресивната монетарна реторика доаѓаат во услови на опаѓање на кинеската и европската економска активност, најавата за плановите на Западот да го забранат увозот на руска енергија и континуираните притисоци од страната на понудата“, предупредуваат аналитичарите на британската банка Барклис.
Сето ова, велат тие, создава мрачни изгледи за опстанок на постојаната инфлација, што ги принудува централните банки да ги зголемат каматните стапки и покрај наглото забавување на растот.
Трговските податоци на Кина за април не беа толку лоши како што се очекуваше, при што извозот порасна за 3,9 отсто на годишно ниво, додека увозот остана непроменет.
Сепак, кинеската политика за намалување на инфекцијата со Ковид на нула не попушта, туку, напротив, Шангај ги заостри мерките на заклучување во целиот град со 25 милиони жители.
Покрај тоа, шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да и објави војна на Украина со цел да ги мобилизира резервистите за време на денешното обраќање на прославата на „Денот на победата“ негативно се одразиле и на расположението на пазарот.
На њујоршката берза акциите во кошничката на индексот S&P 500 беа со пад од 1,1 отсто во фјучерсите (договори за фјучерси), додека фјучерсите на Nasdaq паднаа за 1,0 отсто. Приносите на американските 10-годишни обврзници достигнаа ново рекордно високо ниво од 3,15 отсто.
На европските берзи индексот на фјучерси EuroStox 50 падна за 1,5 отсто, а лондонскиот FTSE за 0,7 отсто.
Најширокиот азиско-пацифички берзански индекс на MSCI, без јапонскиот, потона за 1,3 отсто, а јапонскиот Nikei за 2,4 отсто.
Најликвидните кинески акции ослабеа за 0,8 отсто, додека јуанот во однос на доларот допре нов 18-месечен минимум и се тргува за 6,7049 јуани за долар.
Инвеститорите се исто така напнати во очекување на новиот извештај за инфлацијата во САД што треба да биде објавен во среда, предвидувајќи дека стапката на инфлација малку се намали, но секако не доволно за да ја спречи ФЕД да ги зголеми каматните стапки за најмалку 50 базични поени во јуни. Извештајот се проценува дека покажува раст на базичната инфлација од 0,4 отсто во април, во споредба со 0,3 отсто претходниот месец.
На берзите доларот се движи кон кошничката на главните валути на највисоко ниво во последните две децении, тргувајќи се за рекордни 131,07 јени во однос на јапонскиот јен. Еврото се цитира на 1,0510 долари, малку над неговото неодамнешно ниско ниво од 1,0481 долари.