Паника

Ова е месецот кога светот застана, ова е најглобалната лоша работа која ни се случила. Не, не е болеста, таа сама по себе и за себе е сериозна, но со пострашни си имаме работа, но, она што сите без исклучок ги зафати или допрва ќе ги зафати е состојбата на ПАНИКА!

Don’t panic

…е првиот совет во Автосотперскиот Водич низ Галаксијата, арно ама пуста наша природа, човечка, неверна, уплашена…  Зшто толку паника, од каде? Шансите за излекување се преку 98 проценти? За да не се правам најпаментен малку чепкав кон писанијата, ем студиите на псхилози, психијатри, институти кои се занимваат со масовна хистерија, од секаков вид, пандемии, крај на светот, теории на заговор. Па, еве неколку заклучоци на поголеми трустови на мозоци од нашите, иако не се сомневам дека во време кога потпросечен приучен и јутјуб изнагледан медиокритет е убеден во сопствената параноја добро зачинета со некој српски, ем руски портал каде јетро-ничкосан екс космонаут тврди дека не сме биле во вселената, земјата е рамна, масоните, илуминатите, елиени-гуштери и се’ она што нашмркани сценаристи од Холивуд го пишуваат за Б и Ц филмови, овие го земаат како научна вистина.

Поразителен факт за сотојбата на паника е неписменоста, неинформираноста и личниот избор да не се верува на науката и системот, туку на некој си екс-хипик у комбе кој крка кисели краставички и стрима емисии каде сите можни заговори ги докажува дека се вистина. Да, и покрај се што ни е научно достапно, ние избравме да останеме најлошиот продукт – учени- приучени. Не прифаќаме факт, вистина, доказ, туку само наше лично убедување. Во таква ситуација, народот при една ваква состојба верува само и исклучиво на полувистини или сензционализам никогаш и никако на факти. Да е поинаку никој нема да прави залихи. Дали сте свесни дека ако дојде до прекин на снабдување, настанува општа глад, колапс на економијата, карантин дека нема ни струја да има и дека ако падне цивилизацијата, оние кои имаат ќе бида преку ноќ леиквидирани од бандите кои ќе хараат по ресурси? Па, вакви студии ви се во секој втор филм со апокалиптична тема.

КОНТРА

Од друга страна имаме спротивен менталитет. Ич уво не им чуе. Знаете, секоја крајност е состојба на шизофренија. Извртена, ем искривена слика за реалноста која или предизвикува гореопишани својства на трупање залихи, како последица на стравот. Како главни фраери сега се алкохоличарите, ем џанците и другите конзумирачи на ремети на свеста, кои секоја состојба на страв ја поткрепуваат со промилна храброст и тоа им е изговор, ем за продолжувањее на себетруењето, ем за неодговорно однесување на општиот немпатичен став – пијан/дрогиран/хај е остај го… А, не само ни едно то ни другото, и оние тинејџерски, арогантни ставови не ми е гајле, не ме фаќа, ич не му ја мислам е исто толку лошо како и горното, како  и секој втор граџанин кој колку поголем џип/пари има дотолку поагресивно се однесува но најлошо – неодговорно. А во ова вфреме тоа се бара од нас – одговорнсот! Е тука сме заникаде на секое ниво. Туѓа – да, своја Не!

Каде е вистината?

Во средина, буквално, треба мирно да се спие и да се следат соопштенија од здраствени институции кои “мајкуму” се соствени од наши луѓе кои ги познаваме… Но, и тука многу лоши примери видовме. Не премногу но доволно за човек да нема доверба, со право.

Докторица – скијачица

Додека сеуште трае дебатата дали и што било во Собранието на 27? Каде шарените кондоми немајќи што друго уште пиштат за инстант правда, штод а кажеме за лекарката, нивна м иљеница, која по моја скромна проценка направи терористички напад – ширење опасна болест со умисла и ние уште дебатираме дали треба да и се одземе лиценацата наместо веднаш да биде зад решетки заради пример кон јавноста дека системот не се заебава. Како да убедите дека сте сезриозни со мерките кога немате муда да казните неодговорно однесување? Оти е нечиј кадар, да не се замерите?  После народ ќе паничи? Па секако! Недоверба? Ај да те видам,  разубеди го или пак она познатото – НАРОДОТ НЕ ЧИНИ …!?!?!

Најстрашното

Поради сите паранои кои лично ги носиме и (не)оправдана недоверба во институциите кои упорно одбиваат да покажат цврста одговорност, во светот има се повеќе луѓе кои знаат дека се заразени и намерно ја шират болеста. Не е ново, истото се случуваше и со сидата која токму и заради тоа се рашири, наместо одговорност, злобата ги тера својата болест да ја шират – некои секако,не секој ниакоа генерализација, но доволно да направат голема беља на човештвото. Така и со ова… Затоа не смееме да се потпреме на добра воља  иодговорнсо однесување туку ригорозни мерки и санкции … млатам апразна слама оти у оваа земја тоа може да се случи само ако украдеш ќебапи… како и да е – миење раце!

ЗАКЛУЧОК

Со оваа пандемија најдобро се справија недемократски – тоталитаристички системи со минимална или суспеднирана демократија… но, тоа е друга тема за пар дена со нова „попишнака“, дотогаш фрлајте пари за „гс-папир“ оти тече низ ногавици.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес