Партиски активисти донесени со автобуси на протестот за поддршка на СЈО

Партиски активисти донесени со автобуси на протестот за поддршка на СЈО
Партиски активисти донесени со автобуси на протестот за поддршка на СЈО

Тоа што може да се види на терен е слаб одзив главно на партиски активисти и вработени во општините каде локална власт е СДСМ, кои под притисок се донесени во Скопје.

Според информациите од терен, бројот на поддржувачи на СДСМ и СОРОС се движи околу 5.000, далеку помалку од очекувањата на партијата и долготрајната организацијa, пишува Курир.

Иако СДСМ имале резервирано преку 150 автобуси, нивното членство во најголем дел одлучило да не даде поддршка на насилствата и деструкцијата, така што од партијата успеале делумно да исполнат само 90 автобуси. Дури и самите активисти признаваат дека со организација на општинските комитети допатувале во Скопје.

-Ние сме од Куманово, група со некаде од над 50 автобуси, вели кумановецот кој со организирани автобуси на СДСМ, пристигна во Скопје.

На прашањето како разбрале за протестот тој одговори:

-Преку Фесјбук, но имаме и контакт преку општински организации, си има контакти и многу порано се знаеше. Чекавме 18-ти да помине ултиматумот, затоа сега сме собрани како што знаете и сами во голем број, рече кумановецот.

Автобусите се паркирани на неколку локации низ Скопје на булеварите „Партизански одреди“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

На протестите се забележуваат и лица со фантомки, па голем дел од присутните почнуваат да се плашат дека се можни инциденти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.