Павел Шатев: Груевски повторно би бил избран за премиер

На прашањето за која партија ќе го дадете вашиот глас на предвремените парламентарни избори закажани за 27 април,27,9 отсто одговориле за ВМР0-ДПМНЕ, 14,9 отсто за СДСМ, ниту една 23,5 отсто.Во кој полтичар вашата доверба е најголема 28,7 отсто одговориле за Никола Груевски, а за ниту еден одговориле 25,7 отсто.

На прашањето која партија би победила на следните парламентарни избори, 40,9 отсто одговориле за ВМРО-ДПМНЕ, 31,3 отсто одговориле со не знам, 13,8 отсто за СДСМ.

Никола Груевски би го избрале за иден премиер 47,2 отсто од испитаниците, 18,3 отсто би гласале за Зоран Заев.

Во вториот круг на претседателските избори за Ѓорге Иванов би гласале 32,6 отсто, за Стево Пендаровски 15, 2 отсто, нема да гласам одговориле 24,4 отсто и не знам 27,8 отсто.

Телефонската анкета на 1450 испитанци беше спроведена во периодот помеѓу 15 и 17 април 2014 година од страна на Институтот „Павел Шатев“.