„Педесет нијанси сиво“ номиниран за најлош филм на годината

„Педесет нијанси сиво“ е номиниран за најлош филм на годината. На доделувањето на годинешните Златни Малини кои се доделуваат на најлошите остварувања, филмот е номиниран во дури шест категории.

По исто толку номинации имаат и „Падот на Јупитер“, „Пиксели“ и „Полицаецот од Трговскиот Центар 2“.

Џејми Дорнан е номиниран во категоријата најлош актер за неговата улога во филмот „Педесет нијанси сиво“, а Адам Сендлер има дури две номинации за улогата во филмот „Пиксели“. Дакота Џонсон исто така е номинирана во категоријата најлоша актерка за улогата на Анастасија Стил, заедно со Мила Кунис во „Падот на Јупитер“ и Гвинет Палтроу во „Мортдекај“.

Филмот „Фантастични четири“ е номиниран во категориите најлош филм, најлош римејк, најлош режисер, најлоша екранизација и најлошо сценарио.

Иако најчесто актерите не доаѓаат да си ги подигнат наградите, сепак постојат исклучоци. Досега Сандра Булок и Хали Бери дошле на настанот за да ги подигнат нивните бојадисани гонгови вредни само 5 долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.