Пекол во Шпанија и Португалија

Метеоролозите предупредуваат дека во наредниве денови во одредени делови на Европа може да бидат достигнати рекордно високи температури од околу 50 степеени целзиусови.
Ова особено се однесува на пиринејскиот полуостров, односно на Шпанија и Португалија каде поради доаѓањето на жежок воздух од Сахара, Африка температурите продолжуваат да се зголемуваат.
Се очекува да бидат урнати националните рекорди во двете држави, но можеби и актуелниот европски рекорд од 48 целзиусови степени, измерени во Атина во 1977 година.

Жештината ќе биде особено интензивна и долготрајна во југозападните делови, соопшти Шпанската метеоролошка агенција.

Европската предупредувачка група „Метеоаларм“ издаде црвена тревога, што значи многу опасно и ризично по живот, за јужна Португалија и за провинцијата Бадахос во Шпанија.

Националниот рекорд на Португалија е 47,7 степени, измерени во 2003 година, а во Шпанија 47,3 степени од јули минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.