Пентагон ја преценил вредноста на опремата испратена во Украина

Сметководството на американското Министерство за одбрана ја преценило вредноста на американската воена опрема испорачан во Украина за околу три милијарди долари, известија во четвртокот помошник во Сенатот и функционер од одбраната, што се смета за грешка којашто овозможува испраќање уште повеќе оружје за Киев во војната со руските сили.

Доделана е поголема вредност на оружјето кои е издвоено од американските резерви и потоа било испорачано во Украина, рекле за Reuters во четвртокот двајца високо функционери од одбраната.

„Откривме недоследност во тоа како ја проценуваме опремата којашто и ја дадовме на Украина“, рекол за агенцијата еден од соговорниците.

Функционерот од американската одбрана и помошник во Сенатот зборувале под услов да останат неименувани. Конгресот ќе биде известен за сметководственото прилагодување подоцна во четвртокот, според изворите.

Претставникот од одбрана рекол дека постои можност дека количеството на преценетото оружје би можела да расте откако Пентагон потемелно ќе ја истражи ситуацијата. Според претставници од одбраната, наводно Пентагон користел заменски трошок за процена на помошта во оружје, наместо вредноста на оружјето кога тоа било купено и амортизирано.

САД од август 2021 година на Украина ѝ испорачале само од своите резерви оружје во износ од околу 21,1 милијарда долар.

Засега не е познато како ќе реагира Конгресот на оваа вест. Промената на процената на вредноста на испорачаната опрема би можело да ја одложи намерата на администрацијата на претседателот Џо Бајден од Конгресот да побара дополнителни средства за Украина, додека сѐ уште не може да се најде договор во однос на горната граница за американскиот национален долг.