Пензионерка доби Џокер 5 во вредност од 400 илјади денари

Педесетото коло на НОВОЛОТО 7/34, емитувано на 21.06.2014 на телевизија Сител, ја донесе премијата Џокер со 5 погодоци, вредна 394.851,50 денари. Најновиот среќен добитник е пензионерка од скопската општина Аеродром, која сакаше да остане анонимна.

Своето среќно НОВОЛОТО уплатно ливче го уплатила во продажното место Никофон во ТЦ Бисер. Таа е редовен играч на НОВОЛОТО, а првпат сама уплаќа од Скопје. Играла по две комбинации, плус еден Џокер.

Само за потсетување досега во 2014 година, НОВОЛОТО на Државна лотарија на Македонија успеа да израдува дури двајца среќни добитници со премијата 7-ка. 18то коло на НОВОЛОТО емитувано на 01.03.14 ја донесе рекордната 7-ка вредна 22.601.966,50 денари, а 47 -то коло пак ја донесе и 7мата премија 7ка во Скопје вредна 6.000.000,00 денари

Уплатата за 53-то коло веќе е во тек, а неговото извлекување ќе може да се следи вечерва, 02.07.2014 на Сител телевизија, вообичаено со прекрасната НОВОЛОТО девојка Марјана Станојковска.

Примерот на играчот кој за 20 денари доби 394.851,50 денари е потсетување за сите НОВОЛОТО играчи, да не забораваат при уплатата на своите среќни броеви да уплатат барем еден Џокер број. Уплатата на еден Џокер број чини 20 денари, а на едно помошно ливче може да се уплатат до 20 Џокер броеви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.