„Перутнина Птуј“ минува во сопственост на компанија од Украина

Словенечката агенција за заштита на пазарната конкуренција (AVK) му даде согласност на украинскиот холдинг МХП за преземање на „Перутнина Птуј“ и повеќе нема пречки за продажбата на речиси 91-процентниот удел во оваа прехранбена компанија која има голем пласман и во Македонија, по договорот потпишан во ноември минатата година.

Пред словенечкиот регулатор, согласност за преземањето дадоа и телата за затшита на пазарното натпреварување во Македонија, Австрија, Србија и Романија.

„Перутнина Птуј“ по одлуката од петокот на 21-ви февруари ќе може да го одржи повеќепати одложуваното вонредно собрание на кое треба да бидат именувани новите членови на надзорниот одбор.

Украинските инвеститори најавија дека во следните четири до пет години ќе вложат 200 милиони евра во производната баа, за да го зајакнат постојниот ветикално интегриран деловен модел на компанијата и да инвестираат во развојот и технологикатам, како и на нејзините заштитени марки.

Извршниот директор на украинскиот холдинг Џон Рич изјави дека тоа е клучот за реализација на стратешкиот деловен план на „Перутнина Птуј“. Новите сопственици предвидуваа натамошен развој на постојните производи и силните брендови, како и расот на продажбата во Словенија и во поширокиот регион.

Во јавноста беа поделени мислењата за преземањето на украинскиот МХП на „Перутнина Птуј“, поради наводно контроверните практики на украинската компанија на пазарот во Европската унија, што главно го истакнуваше конкурентот францускиот LDC, кој исто така беше заинтересиран за купување на словенечкиот прехранбен комбинат кој е добро познат во регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.