Петралинци доби модерно игралиште за мал фудбал, ракомет и баскет

Директорот на Агенцијата за млади и спорт  Александар Пујовски, градоначалникот на општина Босилово Љупчо Колев, пратеникот  Славе Гошев свечено го предадоа во употреба новоизграденото повеќенаменско маалско игралиште од проектот „100 повеќенаменски маалски игралишта“ во село  Петралинци.

Изградбата на игралиштето е во вредност од 7 милиони денари.

Со изградбата на повеќенаменското игралиште во општина Босилово ќе се овозможат услови за непречен развој на младите и спортистите да спортуваат и рекреираат на истото.

Игралиштето е со димензии за одигрување на натпревари во мал фудбал, ракомет и баскет.