Пијалак со лимон и краставица за витка линија

Овој летен детокс пијалак ќе ве освежи за време на топлите денови и ќе ви помогне да го загубите најупорниот вишок килограми.

Ако размислувате за голема подготовка за ова лето, идеалното решение ви го нуди нутриционистката Синтија Сас, која осмисли диетален пијалак со помош на кој што можете обемот на половината да го намалите за дури 10 сантиметри, што е пропорционално на загуба од 3 килограми за само 4 дена.

За овој план да ви успее, неопходно е четири дена додека го консумирате пијалакот да избегнувате десерти, грицки, мрсна и калорична храна а да избирате здрави продукти.

Состојки:

  • 2 л вода
  • 1 краставица
  • 1 лимон
  • 1 лажица ѓумбир во прав
  • 12 ливчиња мента

Подготовка:

Добро измиете го лимонот и немојте да го лупите, туку исечкајте го на кругчиња и ставете го во 2 литри вода. Краставицата излупете ја, исечете ја на кругчиња и додадете ја во водата, а потоа ставете и ливчиња мента и ѓумбир. Промешајте со лажица покриете и оставете го во ладилник да отстои цела ноќ.

Штом ќе станете, почнете да ја пиете оваа моќна течност. Испијте се, а навечер направете нова доза за другиот ден. За да постигнете резултати, неопходно е да го пиете овој пијалак барем 4 дена и да не внесувате никаква друга течност.