Пијани тетовчани лажно се претставувале како инспектори на МВР

Лицата М.Ј.(68) и Д.С.(30), како што додаде Јосифоски, биле приведени околу два часот по полноќ, по што од М.Ј. бил одземен пиштол „Застава магнум 357“ со шест куршуми, а од Д.С. пиштол „Парабелум 9 милиметри“ со празна рамка што тие се обиделе да го фрлат под контејнер. Во нивното возило „Форд Ка“ со тетовски регистерски таблици пак биле пронајдени осум чаури од испукани проектили.

Се што е пронајдено е фотодокументирано и со потврда е одземено за вештачење, додека двајцата се задржани и се работи на расветлување на случајот по што тие ќе се соочат со соодветни поднесоци, рече Јосифоски.