Пионерите на РК Алкалоид најдобри на меѓународниот турнир во Франција

Македонскиот претставник РК Алкалоид на меѓународниот турнир во Нант (Франција) на претпоследната пречка триумфираше со 23:20 против шпанскиот состав на Понтеведра.

А во големото финале пионерите на РК Алкалоид во еден драматичен финиш триумфираа против Хихон од Шпанија.Алкалоид на овој турнир одигра вкупно седум натпревари и победи на сите мечеви.

Во согласност со определбите на ракометниот клуб идејата е на своите играчи, вклучително и на најмладите, да им се обезбеди врвни услови за тренинг и за напредок

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.