До пладне до ДИК пријави од 3.642 граѓани со спорни записи

До денеска напладне, до Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле вкупно 3.642 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

ДИК соопшти дека 1.605 лица се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на Комисијата, додека 2.037 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет страницата на ДИК.

Најмногу пријавени има во Чаир 528, во Тетово 271, Сарај-242, Куманово – 211, Аеродром – 206, Кичево-179 и Гостивар-171.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.