Планерите на пучот во Германија сакале да формираат армија

Осомничените за планирање државен удар во Германија, меѓу другото, сакале да создадат нова германска армија, соопшти во средата попладнето генералниот обвинител Петер Франк.

Според досегашните сознанија на германското обвинителство, заговорниците во својата организација формирале и совет кој дејствувал како алтернативна влада.

„Покрај тоа, тој ткн совет, планирал да создаде нова државна структура, според информациите со кои располагаме, нивното ‘воено крило’ требало да формира нова германска армија“, изјави обвинителот Франк.

Германската полиција рано утрото во средата изведе специјална безбедносна операција насочена против десничарски екстремисти кои планирале упад во Бундестагот (парламентот) и да изведат државен удар.

Безбедносните сили приведоа 25 осомничени лица, а извршиле претреси во куќи и станови на уште други 27 луѓе. Апсењата биле спроведени седум сојузни покраини во Германија, но и во соседните Австрија и Италија.

Дури 14 од 25-т приведени биле припадници на ткн „военото крило“ на организацијата, според информациите на германското државно обвинителство. Некои од нив се поранешни припадници на германската војска. Идеолошките основи на заговори биле исклучително слични со они на радикалната десничарска мрежа Reichsbürger (Граѓаните на Рајхот) и наводно на движењето на поклониците на теориите на заговор

Се тврди дека бил успешен превратот, заговорниците планирале да формираат привремена воена влада и да ги искористат некои од нивните контакти за да започнат преговори со „поранешните сојузници од Втората светска војна“.,

Според пишувањата на германските медиуми, безбедносните служби ја привеле и поранешната пратеничка во Бундестагот од евроскептичната и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), Биргит Малзак-Винкеман, којашто, најверојатно, по преземањето на власта требало да стане министерка за правда. Челниците на AfD, Алиса Вајдел и Тино Хрупал ги осудија плановите на заговорниците и ги очекуваат официјалните резултати од истрагата,.