Пласманот во Лигата на Европа е голем успех за Маѕари

Само предводникот на италијанскиот гигант Интер, Валтер Маѕари, може една натпреварувачка сезона да ја дефинира како позитивна, иако неговиот тим не ја исполни зацртаната цел, пласман во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

“Според мене, Интер имаше успешна сезона, направивме неколку добри работи. Убеден сум дека ќе бидам тренер на Интер и во новата клупска сезона. Имам договор со Интер и среќен сум поради телефонскиот разговор кој го имав со сопственикот, Ерик Тохир кој е задоволен од пласманот во групната фаза од Лигата на Европа. Од генерална гледна точка, одигравме премногу натпревари без победник, но бодовите беа загубени во последните неколку минути. На неколку натпревари прокоцкавме сигурна предност, но јас сум виновен за тие резултати. Јас не сум задоволен и кога победуваме. Веќе работиме на новите засилувања кои ќе пристигнат за време на летниот преоден рок”, изјави Маѕари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.