По грешка Курдите убиле канадски војник

Курдите по грешка отвориле оган врз нивни сојузници и притоа животот го загубил наредникот Ендру Доирон, припадник на канадските специјални сили, а уште тројца војници се ранети, соопшти канадското Министерство за одбрана.

„Припадниците на канадските специјални сили, кои во Ирак се во рамките на меѓународните сили за борба против џихадистите од Исламската држава, по грешка беа мета на напад на курдските сили“ – се наведува во соопштението.
Во соопштението се истакнува дека канадските војници се враќале од последната линија на фронтот.

„Убиен е наредникот Ендру Доирон, чиј полк ги обучува и советува курдските сили“ – се прецизира во соопштението.

Канада има 600 војници во Ирак, вклучувајќи 69 припадници на специјалните сили, во рамките на меѓународната коалиција предводена од САД, која за цел има да им помогне на локалните сили во борбата против џихадистите од ИСИС.