Победник на локалните избори ќе биде најголемиот опозициски блок, порача Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ ќе води исклучиво позитивна кампања и на граѓаните ќе им понуди иднина, надеж и визија на претстојните локални избори, а победник на ова октомвриско изјаснување на граѓаните ќе бдие најголемиот опозициски блок во политичката историја на земјата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата во неделата, одговарајќи на новинарско прашање кои се неговите очекувања и каква изборна кампања ќе води партијата.

Во однос на тоа што тој лично го очекува од изборите, Мицскоски истакна дека 20-ина политички се обединиле во опозицискиот блок заедно со коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива, создавајќи коалиција поголема од сегашната владина коалиција.

Притоа, како што, нагласи, има и такви политички партии кои и овојпат се обиделе да создадат раздор во опозицијата, изразувајќи уверување ва мудроста на народот и нема да го дадат својот глас за овие, како што тој ги нарече, лажнитеполитичари.

„Она што ме прави горд и среќен е тоа што повеќе од 20 политички партии и група избирачи, влегоа во обединетиот опозициски блок и заедно со Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива создадовме навистина можеби во историска смисла на независна Македонија најголем до сега опозициски блок кој што како куриозитет е поголем од владиниот блок. И тоа е она кое што ВМРО-ДПМНЕ се разбира го посакуваше и тоа е она коа што граѓаните го бараа од опозицијата. За жал имаме и такви кои што одлучија овој пат да се обидат повторно да направат раздор во опозицијата. Но, мислам дека граѓаните се мудри, јас верувам во мудроста на граѓаните, ќе ја препознаат нивната лажна намера и нема да го дадат својот глас за овие лажни политичари. Така што да заклучам, што се однесува до последниот ден навистина сум задоволен што за прв пат во историјата на независна Македонија, имаме ваков голем опозициски блок кој што ќе нанесе сериозен пораз на владината коалиција на овие избори, за која што гледаме дека полека почна да има определена функционална дисипација, неколку владини коалициони партнери настапуваат на овие избори самостојно и со листи, но и со кандидати за градоначалници“, рече  Мицкоски.

Порача дека изборачите од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе сведочат достоинствена борба без напади, без ниски страсти, политичка кампања во којашто треба да го понудат сопствениот поглед кон иднината, проектите коишто им ги нудат на граѓаните во општините каде што ги гласаат советниците и градоначалниците.

„ВМРО-ДПМНЕ и јас лично ќе водиме исклучително позитивна кампања бидејќи сме свесни за две работи. Првата е дека чувството, перцепцијата на граѓаните дека во Македонија немало никогаш полоша влада од оваа што е сега и ако ние кажеме дека владата е навистина лоша нема да кажеме нешто ново, чувството кај граѓаните е такво. И второ навистина граѓаните се заморени од црни сценарија, граѓаните сакаат да видат надеж, визија, да видат иднина. Сето тоа кое што досега во оваа владина коалиција не може да го видат. Така што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди надеж, визија и ќе понуди иднина на овие избори“,  заклучи Мицкоски.