Почина тракторист во делчевско

Во делчевско Габрово почина 38-годишен тракторист.

Како што информира МВР, вчера во 10.40 часот во село Габрово-Делчево, на местот викано „Сина Слива“, А.Д.(38) од село Габрово, сакајќи да закачи вилушка за подигање на трактор „Фиат“ носачите на плуговите го приклештиле, по што А.Д. починал.

Смртта ја констатирал лекар од итна медицинска помош. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица во Делчево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.