Починал гаснејќи пожар во нивата на соседот

Пензионерот Б.Ј. (82) од виничкото село Јакимово запалил стрниште во својата нивa.

Но, огнот се проширил кон нива со лозов насад сопственост соседот. Старецот се обидувал да го изгасне огнот во лозовиот насад, но паднал во претпоследниот ред каде и починал. Смрт е констатирана од доктор од Виница, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.